Денес започнува 18-то од машката ВИП Супер лига, воедно и последно коло од регуларниот дел од сезоната. Возбудливо коло во кое дури 5 екипи имаат шанса за освојување на тие три места, кои водат во плејофот и разигрувањето за титулата.
Коло во кое имаме два дерби натпревари, натпревари во кои екипите меѓусебно ќе решаваат за пласманот во плејофот …
Првиот дерби натпревар ќе се одигра во Скопје, каде третопласираниот Металург 2 го пречекува четвртиот на табелата Радовиш. Натпревар во кој со блага фаворитска улога влегуваат радовишани, но не треба да се изостави квалитетот на плаво-белите и покрај тоа што екипата претрпе промени во последниот период. Неизвесен натпревар во кој ќе решаваат нијанси за победникот, за тоа кој ќе се најде во плејофор каде веќе чека несовладивиот Зомимак-М оваа сезона, каде во ова последно коло го пречекува Текстилец, со што се очекува да ја забележи 18-та победа.
Второто дерби ќе се одигра во Прилеп, каде деновиве владее одлична ракометна атмосфера во градот. Пелагониското дерби РК Прилеп и РК Пелистер како никогаш до сега привлечно за публиката. Натпревар од типот „да се биде или не“ за двете екипи, кој победи ќе игра во плејофот, а во спротувно поразениот ќе се задоволи само со плеј аут. Првиот натпревар во Битола заврши со победа на РК Пелистер со 27:26.
Од двата табори најавуваат борба за секоја топка, ни едните ни другите не гледаат пораз како опција, а тоа дополнително ја вжештува атмосферата и ни најавува дека денес салата “ќе гори” од 19:00 часот.
Од 5-те екипи кои се борат за пласман во плејофот, теоретски најлесна задача имаат Тинекс Пролет, кои му гостуваат на Преспа. Тежок натпревар во кој дотолку ракометарите на Пролет изиграат на своето ниво, нема да дојде до прашање победата над ресенчани и нивниот пласман во плејофот.
Ова последно коло дава до знак дека нашето првенство иде во нагорна линија, оваа неизвесна борба зборува за квалитетот и еднаквоста на македонските екипи. Нешто што секој љубител на македонскиот ракомет го радува и му влева надеж дека в година ќе биде уште појако и понеизвесно првенство.
Последно 18-то коло:
- Металург 2 – Радовиш
- Преспа – Тинекс Пролет
- Зомимак М – Текстилец
- Прилеп – Пелистер
- Работнички – Охрид