Ракометарките денес од 18:30 часот во Гросето, ќе го одигра возвратниот натпревар против Италија, во претквалификациите за Светското првенство 2015 година, кое ќе се одржи во Данска.
Нашите ракометарки заедно со селекторот Ристо Магдинчев ќе треба да го поправат впечатокот од првиот дуел кога во Скопје пред три дена беа поразени со три гола разлика 20:23, со што ги разочараа сите љубители на ракометот.
Сите се надеваме дека тоа сепак беше еден лош ден, дека денес ќе ни покажат дека навистина вредат и можат да успејат да се вратат со два бода и подобра гол разлика од Италија. Воедно и да ја прекинат лошота серија на порази која датира од 2012 година, и конечно да издвојат победа.
МакРакомет им посакува среќа, и верува дека овој натпревар и можност да се тргне од дното, нагоре… Кон нови победи и успеси во женскиот ракомет во Македонија.