Вториот тим на ЖРК Вардар утре, 03.04.2015 ќе одигра пријателски натпревар со екипата на Крајова од Романија. Почетокот на натпреварот е закажан за 19:30 часот, а ќе се одигра во малата сала на СЦ „Јане Сандански”. Овој натпревар е вистински предизвик и тест за младите ракометарки на ЖРК Вардар, со оглед на тешките натпревари што следуваат во првенството како и натпреварите за Купот на Република Македонија.

Ракометниот клуб Крајова е еден од четирите најдобри клубови во романското првенство, а исто така е и составен од неколку стандардни репрезентативки на Романија.

За сите љубители на ракометот, на овој натпревар влезот е слободен.