По завршувањето на репрезентативните обврски, Ренато Вугринец не чекаше многу време за да одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера, со оглед дека ракометниот клуб Металург сеуште не излезе со решение за сите проблеми кои ги имаат.
Вугринец следните пет месеци ќе настапува за катарскиот клуб Лахвија. Раководните луѓе на Лахвија биле многу заинтересирани да го видат Вугринец во своите редови и му понудиле договор на пет месеци со одлични финансиски услови, а Словенецот со македонски пасош се согласил и ставил потпис на договорот.
Покрај Вугринец, се најавува заминување и на уште неколку клучни ракометари од таборот на актуелниот македонски првак, а допрва треба да биде познато дали и воопшто ќе продолжи да функционира, и на каков начин.
Дали ова е крај за Металург?!?!
Останува да видиме…
Извор: www.ekipa.mk