Двајцата македонски репрезентативци, Гоце Георгиевски и Немања Прибак, своите кариери ќе ги продолжат во Турција, каде од летово ќе го облечат дресот на Бешикташ. За познатите “црни орли“ Прибак постигнал договор за двeгодишна соработка, додека Георгиевски ќе замине во Бешикташ на една сезона, со можност за продолжување на истата.

Турскиот гигант Бешикташ веќе има обезбедено пласман во ракометната Лига на шампиони за следната сезона, а многу веројатно е дека турскиот клуб од идната сезона дека ќе го гледаме и во регионалната СЕХА лига каде што се натпреваруваат нашите два најсилни клубови Вардар и Металург.