Повредата од изминатиот викенд на македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски сепак не беше толку страшна, со што Гоце се најде во тимот на натпреварот против Кретеј, каде брани Борко Ристовски.
Георгиевски одигра одлична партија, каде постигна четири погодоци од пет обиди. Но, сепак недоволни за неговиот тим дојде до победа, иако имаше водство на две минути до крајот. Сепак екипата на Ристовски, Кретеј си замина дома со победа и нови бодови на своето конто.
Додека на другата страна голманот Ристовски скроти скромни четири удари од 18 обиди.