Вардар на големо изненадување на сите љубители на ракометот, убедливо го совлада големиот Киелце. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес изјави по натпреварот дека е задоволен од изданието на своите ракометари и убедливата победа, но вели дека Киелце е многу посилен од она што го покажа денес.

„Задоволен сум од победата, ова беше тежок меч за нас. Кјелце е подобар тим отколку што тоа го покажа вечерва, беа и ослабени со неиграњето на неколку важни играчи” – изјави Раул Гонзалез.

„Ние одигравме добро и во нападот и во одбраната, сите ракометари беа одлични, а можеби најдобар беше Штербик. Сега имаме десет бода и остануваме на првото место, ќе се бориме за победи и на следните мечеви. Им честитам на моите ракометари” – заврши Гонзалес.