Вардарци вечерва ги очекува тежок натпревар против екипата на ВИсла Плок, натпревар во кој ќе треба да надокнадат 6 гола негатива, ако сакаат да се пласираат во 1/4 финалето.

Во пресрет на натпреварот кој за Вардар претставува “Да се биде или не“, селекторот Раул Гонзалес верува во своите играчи, со кои дотолку изиграат на високо ново неизбежен е пласманот во 1/4 финалето.

„Ќе го играме најбитниот натпревар за нас во оваа сезона, се надевам дека успешно истиот ќе го завршиме. Во Полска не одигравме како што треба, мораме да бидеме на многу повисоко ниво за да се пласираме во наредната рунда. Трениравме добро неделава и немаме повредени. Се надевам оти одличната атмосферата во Скопје ќе ни помогне да одиграме подобро. Кога игра Вардар дома секогаш има голема поддршка и сега таа доста ни е потреба за да дојдеме до позитивен резултат“ – изјави Раул Гонзалес.