Во пресрет на денешниот натпревар Раул Гонзалес задоволен од своите ракометари и нивните подготовки, со што заедно се надеваат дека со победа ќе го отворат вториот дел од сезоната.

„Ова е прв натпревар по СП и задоволни сме што немаме повредени играчи. Сите ракометари се подготвени и можат да настапат. Малку се одмориме, имавме само два тренинга пред мечот но и тоа доволно да се подготвиме. Ова е важен натпревар за нас, треба да играме добро, квалитетно да освојуваме бодови, за да обезбедиме место во фајналфор. Тимот на Брест игра добро и во СЕХА и во ЛШ, па за нас ќе биде добар тест пред натпреварот со Монпелје во ЛШ кој ни е многу важен. На првата средба против нив видовме дека тие играат добра одбрана и одличен контранапад. Најмногу не загрижуваат Манојловиќ и Стојковиќ. Треба да бидеме цврсти во одбрана ако сакаме да имаме победиме“ – изјави Раул Гонзалес.