Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез го објави составот на екипата на Вардар за второто коло од Лигата на шампионите. Во споредба со составот од мечот со Монпелје, има само една измена – во тимот се враќа Горбок, на местото на Блаженко Лацковиќ. На трибините, повторно остануваат македонските репрезентативци, капитенот Лазаров и голманот Ангелов.
Составот на Вардар гласи: Штербик, Милиќ, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Деревен, Дибиров, Дујшебаев, Горбок, Карачиќ, Манасков, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов, Тоскиќ.
Во составот на гостите, екипата на Пик Сегед, нема изненадувања и на терен ќе истрчаат: Сиера Мендез, Вишомирски, Анчин, Балог, Блажевиќ, Бомбач, Чурувија, Фекете, Дос Сантос, Хегедус, Илјес, Калман, Елизага, Велки, Врањеш. Зубаи.
Натпреварот, кој е со почеток во 17:30 во СЦ „Јане Сандански“, ќе го судат Словаците, Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула, а делегат е Хрватот Јосип Посавец.