Крилото на нашиот национален тим, Гоце Георгиевски во пресрет на денешниот натпревар против селекцијата на Иран, предупредува дека Иран не треба да се потцени и дека без оглед кој ни е противник, мора секогаш да го дадат максимумот.

„Извојувавме голема победа над Тунис, но знеме дека тоа малку ќе ни значи ако се „лизнеме“ веќе на денешниот дуел со Иран. Остануваме максимално фокусирани на задачата што е пред нас, желба ни е да одиграме во исто темпо како и на првиот натпревар, па во пресрет на утрешниот слободен ден да влеземе со две победи. Иран е ривал што никако не смее да се потцени, но ние веќе рековме дека главна цел ќе ни биде да играме онака како што знаеме и умееме, без оглед кој ни е противник. Најважно од се е нашето издание, а не името на ривалот“
– изјав Гоце Георгиевски.