ИХФ го објави идеалниот тим од дебитанти на светските шампионати, играчи кои за прв пат во Катар беа дел од еден ракометен мундијал и блеснаа во најголемата сцена. Тим во кој заслужено се најде нашето десно крило Гоце Георгиевски кој блескаше на сите натпревари во нашата репрезентација.
Покрај Георгиевски, треба да се напомене дека во овој тим се најде и десниот бек на Вардар, Алекс Душебајев, како и новото засилување на Вардар за следната сезона, рускиот репрезентативец Александер Деревен.
Идеален тим на дебитанти:
ГОЛМАН: Гонзало Перез де Варгас (Шпанија)
ЛЕВ БЕК: Александер Деревен (Русија)
ЛЕВО КРИЛО: Пол Друкс (Германија)
СРЕДЕН БЕК: Каламид Малаш (Катар)
ДЕСЕН БЕК: Алекс Душебајев (Шпанија)
ДЕСНО КРИЛО: ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ (МАКЕДОНИЈА)
ПИВОТ: Камил Спржак (Полска).