Гоце Георгиевски веќе извесно време беше во потрага по својот нов клуб, а ова попладне „Македонски спорт“ ексклузивно информираше дека стандардниот македонски репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во Франција, во екипата на Тулуз.

„До крајот на сезоната ќе настапувам во Франција. Неочекувано и набрзина дојде до овој трансфер. Среќен сум што нема да направам поголема пауза по заминувањето од Металург“ – изјавил Георгиевски за „Македонски спорт“.