Македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски ја продолжи соработката со Тулуз за уште две години, изјави Георгиевски за „Македонски Спорт“.

„Точно е дека ја продолжив соработката со Тулуз за уште две години“ – изјави Георгиевски.

По заминувањето од Металург, Гоце одлично се вклопи во францускиот тим. Неговите одлични настапи во оваа полусезона се причина да се заинтересираат од таборот на Тулуз за негово задржување во своите редови.

МакРакомет смета дека ова е добра одлука на нашиот репрезентативец, за неговиот напредок и кариера. Му посакуваме многу успех и да не радува со неговите игри, како на клупско така и на репрезентативно ниво.