Екипата на ГРК Борец, во шестото коло од нашето домашно првенство ја пречекува екипата на РК Охрид. Откако во претходниот натпревар, екипата на ГРК Борец загуби од екипата на Работнички, денес ќе се обидат да дојдат до својата нова победа и освојување на нови 3 бода. Противник на ГРК Борец е екипата на РК Охрид, која пак исто така во одложениот натпревар против екипата на Металург загуби на домашен терен.

Натпреварот е закажан за денес со почеток во 18 часот, а ќе се одигра во големата спортска сала во Велес. Директен пренос од овој натпревар ќе можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.