Утре, во рамките на натпреварувањето во ВИП Супер лигата ќе се одигра осмото коло. Ова осмо коло го отвораат екипите на ГРК Борец и РК Радовиш во меѓусебен дуел, во кој улога на домаќин има екипата на Борец. Натпреварот е закажан за утре (31.10.2015) со почеток во 18 часот. Овој натпревар ќе се одигра во спортската сала во Велес. По одиграните седум кола од натпреварувањето во супер лигата, на табелата екипата на Радовиш е во блага предност пред екипата на ГРК Борец. РК Радовиш се наоѓа на седмото место, а едно место подолу е екипата на Борец која има 3 бода помалку.

Директен пренос од сите натпревари од ВИП Супер лигата можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.