Ракометарите на Вардар утре пред најголемиот предизвик до сега во Лигата на шампионите, во Скопје ќе гостува еден од претендентите за првото место во нашата група, лидерот во германската Бундес лига кој е без пораз од почетокот на сезоната (9 победи од 9 натпревари), екипата на Рајн Некар.
Екипа моментално со најдобрата одбрана, а доказ за тоа е 5-те одиграни натпревари во Бундес лигата на кои немаат примено повеќе од 21 погодок, како и двата натпревари против Барселона и Колдинг во кои издвојуваа победи, а примија 21 и 18 погодоци. Единствен натпревар во кои примија повеќе од 21 погодок, беше последниот натпревар од ЛШ против големиот Киелце, кој заврши нерешено 32:32. Работи кои покажуваат колку е квалитетен утрешниот противникот на Вардар оваа сезона.
Во нападот Енди Шмит е мозокот во екипата, кој има изворедна прегледност и комуникација со останатите играчи. Ракометар кој заедно со феноменалниот и нас добро познат Уве Геншајмер се убиствени во нападот, што со право се најпрецизни во екипата на Рај Некар. Но, Рајн Некар не е екипа која се потпира на индивидуалноста на овие двајца одлични ракометари, туку напротив оваа екипа е позната по својата тимска игра, која е главната одлика на германците. Ракометари кои мора да се напоменат истотака се Грецки, Рајнкинд и Ларсен кои одлично комуницираат во нападот, како и на голот треба да се напомене голманот Микаел Апелгрен кој на утрешниот натпревар ќе биде помеѓу стативите, бидејќи Дарко Станиќ е изоставен во составот на Рајн Некар.
Во редовите на Вардар ќе го нема Стојанче Стоилов, кој поради повредата на рамото приморан ќе биде да одмара следниов период. Но, оваа година Вардар има одличен ростер, што ова нема да преставува голем проблем, со оглед на тоа што на таа позиција го има расположениот Алем Тоскиќ, кој блеска на последните натпревари.
На утрешниот натпревар се очекува од двата тима да има голема борба во одбраната, кај Вардар особено се очекува од Македа, Шишкарев и Караџиќ кои треба да ги запрат Шмит, Геншајмер и Рајнкинд. Потпомогнати од феноменалниот Арпад Штербик веруваме дека успешно ќе го запрат налетот на Рајн Некар, кој несомнено го очекуваме на почетокот од натпреварот.
Во нападот конечно очекуваме нешто повеќе на утрешниот натпревар отколку само индивидиални акции, одиграни комбинации со кои ќе се активираат крилата и пикерот. Дотолку тоа се случи, несомнено веруваме дека Вардар на утрешниот натпревар ќе забележи победа и ќе остане единствената екипа во ЛШ која нема да биде поразена после одиграното 4-то коло.
Натпреварот започнува од 17:30 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
Директен пренос на МРТ