По одличните прикажани партии на голманот на Металург, Даниел Дупјачанец заслужено се најде на прес конференцијата заедно со Лино Червар, на која изјави дека овој Металург со добра игра може до триумф против Баја Маре.
„Се надевам дека и после неделниот натпревар ќе може да разговараме со позитивни впечатоци. Двата последни натпревари несреќно ги загубивме, но главите горе, одиме на победа на овој следен натпревар со Баја Маре. Мора да бидеме максимално сконцентрирани. Тие два бода можат многу да ни значат за нашиот натамошен пласман. Ние самите, и начинот на кој не води тренерот Червар, си го наметнавме овој императив, да размислуваме за горните позиции во групата, и продолжуваме во тој ритам“ – изјави Даниел Дупјачанец.