Повторно играч од РК Охрид е избран за играч на неделата, овој пат десниот бек Дарко Павловиќ кој одигра одлична партија на гостувањето кај ГРК Борец, каде постигна 7 погодоци. Кој заедно со Елвин Вражализа беа клучните играчи за оваа победа.

Оваа сезона РК Охрид е одличен тим, ако лани се бореше за опстанок во ВИП Супер лигата, сега е еден од кандидатите за првите места кои водат во плејофот.

Тимот на МакРакомет му честита и посакува уште многу вакви брилијантни партии!

Резултатите од гласањето може да ги погледнете ТУКА.
*За оваа недела очекувајте нови кандидати веќе во понеделник!

Фото: Филип Вирановски (24ракомет)