Македонската машка ракометна репрезентација како што добро знаеме ќе биде дел од на Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи во Јануар следната година. Денес РФМ ги потврди деталите во однос на текот на подготовките и пријателските натпревари кои ќе бидат одиграни.

  1. Подготовките на нашите најдобри ракометари ќе започнат на 22-ри декември во Скопје, а базата ќе биде СЦ „Јане Сандански“, односно хотел „Русија“.
  2. На 28-ти и 29-ти декември во Скопје ќе бидат одиграни две пријателски натпревари (едниот затворен за јавноста) со селекцијата на Израел чиј предводник е поранешниот македонски селектор, Драган Ѓукиќ.
  3. На почетокот на новата година, ракометарите ќе продолжат со тренинзи, а од 9-ти јануари започнува настапот на турнирот во Франција каде прв противник ќе ни биде Алжир, а во зависност од резултатите, ќе играме и против Франција или Аргентина.

Репрезентацијата ќе отпатува за Катар директно од Париз на 11-ти Јануари, каде за пет дена подоцна да го имаме мундијалското деби против Тунис.