Ракометарите на Пелистер денеска од 18:00 часот, во спортската сала „Младост“ во Битола, ќе го играат возвратниот натпревар од 3-то коло во Челинџ-купот на ЕХФ, против чешкиот тим Дукла од Прага.
Првиот натпревар, минатиот викенд во Прага, заврши со висока победа за чешкиот тим со 34-24. Но сепак, битолчани решени се да го поправат впечатокот од тој натпревар и денес да се покажат во подобро светло, а зошто да не направат и изненадување.
Во македонската ракометна историјата досега ниедна екипа не успеала да надомести пораз од 10 погодоци, но никогаш не вели никогаш.
Среќно момци!