Со дерби дуелот помеѓу првопласираниот Зомимак-М и второпласираниот Прилеп се заокружува успешната година и за двата клуба. И двата тима со посебни мотиви ќе се обидат со победа да заминат на зимската пауза која следува по оваа 14-то коло.
Ракометарите на Зомимак-М најавија дека и на овој натпревар ги интересира само победа, тежнеат од Прилеп да се вратат со нови три бода и со тоа да ја заокружат оваа 2014 година, која ќе се памети како историска за ракометот во Струмица.
По подолго време градот под Марковите кули има тим кој има сила да се справува со најсилните тимови во лигата со најголемите ракометни имиња во Македонија. Поради огромната заинтересираност прилепчани решија овој натпревар да го одиграат во арената „Сонце“ и најавуваат вистински ракометен спектакл пред 2 500 гледачи. Ракометарите на Прилеп ветуваат максимална борбеност и веруваат дека со помош на публиката можат да го изненадат фаворитот.
Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 19:00 часот.