Морам да кажам… затоа што ниту еден медиум нема да напише…
Пред вратите бевме повеќе од еден час порано. Кога ја видов организаторската инка каде публиката треба да влегува низ една врата еден по еден, си помислив ќе биде гужва. Но, она што следуваше не го очекував. Пред нас се дваесетина луѓе кога забавата почна. Во придружба на полиција донесоа група од 100-200 комити и ги истурија пред врата. Овие како глутница се втурија на влезовите, а желките, пред нас, замисли чуваа влезови, а не луѓе. Хулиганиве урлаат, псовка врз псовка, бутканици…
Нè притиснаа и не можеш ни напред ни назад ( Кога викнав да не се буткаат затоа што има и повозрасни жени еден тинејџер дрско ми врати да си седеле дома. Еј, клипан што не може да заработи ни за семки… И место полицијата, јас му објаснив два-три збора…
Инката се стеснува. Внатре се влегува низ еден гејт. Претресот место вообичаено надвор, се одвива на влезот. Уште еден пропуст. На влез, пред мене, обезбедувањето пушти десетина без карти. Низ прозорците неколкумина ги фрлаа картите надвор. А билетите се со баркод… Значи…
Влеговме што влеговме (15 минути пред почетокот), салата повеќе празна, отколку полна. Се полнеше уште 15-20 минути по почетокот. Во салата имаше цирка 1000 луѓе повеќе.
И место да уживаме во ракомет, замислата на овие млади хулигани е дека не треба гледаат ракомет. Цело време урлаат псовки против другиве навивачи. Немаше ниту една навивачка песна. Немаше бодрење на својот тим. Како да не е битен ракометот. А веројатно и не ѝм е битен…
Излегуваат Вардаровите ракометари, овации. Излегува Металург, свирежи. На теренот е 90% од македонската репрезентација. Истите оние але, але момчиња за кои навиваме со години од срце.
За неколку минути прв инцидент. Се втурнува полиција. Потоа уште еден… Па уште еден… И не броиш повеќе… На патосот момче во инвалидска количка. Го придружува жена во години. Одеднаш женава ја подига раката и ОП среден прст кон играчите. Да не поверуваш. Ме праша некој, па добро бре гледаше ли ракомет… Не баш. Не баш… На дербиво имаше 500 полицајци човече. Во сала, по ходниците, на улица сè до раскрсницата…
Ми се плачеше. Дерби без дерби. :-(
Позајмени твитови…
- И така на 15 минути пред старт сите се пред врата, салата празна. Организација близу ЗЕРО. #Металург vs. #Вардар #макракомет
- јас не се разочарав од навивачите, од остатокот се изненадив. А 90% од нив втор пат се во сала.
- тие што купиле вчера дрес, а продаваа емоции на мржња како да војувале против другиот клуб.
- Жално е! Требаше да биде атмосфера за гордеење. Вака, срам!!!
- ма немам јас проблем со тимови. Сите ги сакам порано се навиваше ЗА, сега ПРОТИВ
- Да ме пљукаат идиоти на утакмица, прв пат ми е.
- Да ви ебам племето. Ја свирите цела репрезентација.
- Стварно сме ендемски вид.
- Стварно ми се повраќа од насилство… до кога??? #макракомет #Вардар #Металург
- Ко шо вика една моја драга пријателка- Проста маса на тераса (трибина). #ракомет #Вардар #Металург
- РК Металург (1971), РК Вардар (1961), РК Работнички (1948), РК Пелистер (1946)
Тхе енд.
- МЗТ го чкртнав лани. Вардар вечерва. Нека играат без публика, оти овие одат само на специјални натпревари
- Напомена: не навивам за клуб. Навивам за македонски спорт.
Автор на текстот е @VidanaDeSign