Нашите две репрезентативки Зорица Десподовска и Душица Ѓоргиевска, одлични во турскиот Муратпаша. Вчера убедливо ги совладаа ракометарките на Фемина Виза, со 37:20, со што на денешниот втор натпревар само го потврдија нивниот квалитет, и повторно ја победија белгиската екипа со 25:21, натпревар во кој Десподовска постигна 6 погодици, а Ѓоргиевска 1 погодок.

Ова форма на нашите репрезентативки не радува, бидејќи ни престои дуелот со Исланд следниот месец, од квалификации за СП 2015 година. Иако немаме никакви шанси за пласман, сепак сите очекуваме подобра игра на нашите ракометарки, и прва победа, со што би ги ни вратиле надежни за македонскиот женски ракомет.