Во пресрет на денешниот натпревар на македонската женска репрезентација со репрезентацијата на Италија, во претквалификациите за СП 2015 во Данска, нашиот лев бек Зорица Десподовска, од кој се очекува најмногу да го понесе товарот, заедно со Елена Ѓеорѓиевска, еве што ни изјави:
„Јас мислам дека оваа година ќе имаме поубедлив напад бидејќи воглавно бековските позиции заминаа во странство, а тоа е голем плус за нас. Сеуште остануваме како млада репрезентација но како поминува времето стануваме поискусни. Италија не е многу звучна репрезентација, но сепак таму ракометот е во подем овие последни години. Ние ќе одиме на двата натпревари на победа и ќе го оставиме срцето на терен па се надевам дека ќе издвоиме две победи“ – изјави Десподовска