Македонското репрезентативно лево крило, Дејан Манасков одигра нова блескава партија во дресот на Вецлар, каде постигна 7 погодоци. Доволно за да биде најефикасен ракометар на натпреварот и најзаслужен за новата победа на неговиот тим во германската Бундеслига, против екипата на Фризенхајм од 32:27.

Со оваа победа, Вецлар сега се наоѓа на 9-то место на табелата во Бундеслигата. Покрај Дејан Манасков, во домашниот состав се истакнаа и Владан Липовина и Робин тонесе кои имаа по пет реализации, додека на спротивната страна најрасположен за игра беше Хаук Марко кој постигна четири гола.