Официјално на веб страната на Вардар објавија дека левото крило на репрезентацијата на Македонија, Дејан Манасков од следната сезона ќе биде дел од нивната епипа, и ќе остане во тимот на „црвено-црните” во следните три сезони односно до јуни 2018 година.

„Со задоволство можам да потврдам дека е потпишан договорот со Манасков, кој ќе остане во Вардар најмалку три сезони. Игрите на Манасков беа одлична препорака да му понудиме соработка, и на заедничко задоволство тој ќе се врати во Скопје и ќе игра за Вардар. Нашиот клуб отсекогаш сакал да ги има најдобрите во своите редови, а уште посреќни сме што еден репрезентативец на Македонија го одбра Вардар, како своја следна дестинација во кариерата”
– изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на РК Вардар.