Во пресрет на вечерашниот натпревар, еве што изјави левото крило на Вардар, Тимур Дибиров:

„Не можам да верувам колку спортска несреќа имавме против Веспрем, особено во оној меч во Скопје. Сè ќе беше поинаку да ги добиевме дома. Сега мора да се вратиме на она светло како пред “падот“, односно во онаа серија од четири кола без пораз. Тоа ни е потребно и за самодоверба, но и за да го зачуваме второто место.“ – изјави Дибиров.

“Вистина е дека нè мачат повредите, но Вардар не е само еден или двајца играчи. Ние сме тим кој има многу квалитетни играчи, дури и оние со помала минутажа се значаен дел од тимот. Верувам дека тие ќе бидат одлична алтернатива за саботниот меч“ – заврши Тимур Дибиров.