Ивица Обрван, актуелниот селектор на македонската сениорска репрезентација во пресрет на подготовките и учеството на нашата селекција на силниот турнир во Умаг го прошири првичниот список на повикани ракометари. Ново име на досегашниот список е младиот Дарко Димитриевски, кој настапува во унгарската лига, во ракометниот клуб Чургои.

Македонската репрезентација првиот собир ќе го има на 2 Ноември во хотелот Русија, а неколку дена подоцна  ќе земе учество и на силниот турнир кој ќе се одржи од 6-ти до 8-ми Ноември во Умаг, Хрватска. На овој турнир, нашата репрезентација ќе одигра два натпревари против репрезентациите на Хрватска и Црна Гора.  Покрај овие подготовки и контролни натпревари, нашата селекција ќе одигра да натпревари и со селекцијата на Словенија на 4-ти и 5-ти Јануари, 2016 година. Овие натпревари ќе бидат дел од последните подготовки пред учеството на ЕП во Полска.

Список на повикани ракометари:

Борко Ристовски
Никола Митревски
Дејан Манасков
Гоце Ојлески
Гоце Георгиевски
Никола Костески
Стојанче Стоилов
Жарко Пешевски
Никола Маркоски
Филип Лазаров
Влатко Митков
Филип Миркуловски
Немања Прибак
Ацо Јоновски
Кирил Лазаров
Филип Талевски
Филип Кузмановски
Милорад Куковски
Дарко Димитриевски