Во пресрет на денешниот натпревар на плаво-белите, против францускиот гигант ПСЖ, нашиот кружен напаѓач Ванчо Димовски ветува борбена игра во сите 60 минути.
“Свесни сме дека ни претстои тешко гостување во Париз, каде што ќе треба да се надминеме за да оствариме позитивен резултат. Во овие неколку дена работиме на уигрување напаѓачки и одбранбени стратегии, со кои овој пат ќе му се спротивставиме на ПСЖ. Ќе се потрудиме грешките да ги сведеме на минимум, да одиграме цврста, храбра и борбена игра и да се надеваме на малку спортска среќа“ – изјави Ванчо Димовски.