Денес го објавија тимот на СЕХА лигата за месец октомври, во кој се најдоа дури тројца ракометари од нашите два најтрофејни клубови, Вардар и Металург. Од екипата на Вардар, голманот Арпад Штербик и левото крило Тимур Дибиров. А од екипата на Металург средниот бек Лука Циндриќ кој блескаше на последните натпревари во плаво-белиот дрес. Тренер на тимот го избраа тренерот на нашиот Вардар, Раул Гонзалес.

Еве го комплетниот тим за месец октомври:

Голман: Арпад Штербик (Вардар)

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Десно крило: Симон Разгор (Мешков Брест)

Пикер: Андреас Нилсон (Веспрем)

Лев бек: Серго Датукашвили (Војводина)

Среден бек: Лука Циндриќ (Металург)

Десен бек: Даинис Кристопанс (Татран)

Тренер: Раул Гонзалес (Вардар)