Во сабота ќе се сретнат два тима кои одлично се познаваат, како од Регионалната лига, така и од Лигата на шампиони. Натпревар од кој се очекува голема неизвесност и голема борба до последната минута.

ЖРК Вардар играше со Будуќност во прелиминарната фаза од Лигата на шампиони, во кои прикажаа две различни игри. На гостувањето изиграа многу лошо, со што и конечниот убедлив триумф од 23:17 на црногорките кажува за тоа. За разлика од гостувањето, во Скопје веќе нашите ракометарки покажаа заби и одиграа добар натпревар. Натпревар во кој вардарки во последните минути го изгубија водството и не успеаа да издвојуваат победата, со што мораа да се задоволат со конечни 24:24.

Работи кои не мора да значат ништо, бидејќи играњето во Ф4 е нешто друго … ракометарките ќе го дадат својот максимум за да издвојуваат победа и израдуваат своите фанови.

Во пресрет на натпреварот, тренерот на црногорската екипа, Драган Аџиќ стравува од новиот и посилниот Вардар од минатата сезона, особено по доаѓањето на помошниот тренер Јан Питлик во нашата екипа.

„Вардар доживеа доста промени во составот, но можеби и најзначајната е новиот систем на работа кој го наметна Јан Питлик. Во паузата помеѓу главната рунда и финалниот турнир има доволно време играчите да се прилагодат на неговиот систем на игра и да го подигнат своето ниво во играта. Очекувам квалитетен противник, Вардар заслужено стигна до финалниот турнир и доаѓа многу мотивирано. Имаат врвни играчи, сега добро ги составиле коцките и ќе биде многу тешко“ – изјави Аџиќ.

Аџиќ не ја коментира играта на Вардар, но во суперлативи зборуваше за Андреа Пенезиќ и Ања Алтхаус.

„Пенезиќ најмногу доби со доаѓањето на Питлик, бидејќи во последните неколку натпревари доминантно беше најдобрата ракометарка на Вардар. Таа е комплетна ракометарка, добра во одбраната и во нападот и сигурно дека ќе биде најважниот играч во македонскиот тим. Сепак јас верувам дека ќе најдеме решение да ја запреме, иако мислам дека игра најдобро во нејзината кариера. Сепак, мислам дека со доаѓањето на Питлик најголем исчекор направи Алтхаус. Од ракометарка која добиваше по една топка, стана некој кој постигнува важни голови и сега целиот тим има огромна доверба во неа. Вардар беше слаб на пикерската позиција, но сега се многу стабилни“

Но и покрај се, Драган Аџиќ верува во своите ракометарки и дека на крајот ќе победи нивното заедништво и енергија.

„Има доста разлика во одност на минатата сезона, двете екипи претрпеа промени во составот. Не очекува натпревар кој предизвикува големи емоции, но играчите мора да бидат со ладни глави и смирени, со голема самодоверба и фокусирање во сите 60 минути. Знаеме што не очекува, минатата гоина игравме и продолжение, добро се познаваме и очекуваме голема борба на теренот. Се спремаме да останеме мирни и јаки во таа борба и да го срушиме големиот противник“ – заврши Драган Аџиќ.