Во пресрет на денешниот натпревар на македонската женска репрезентација со репрезентацијата на Италија, во претквалификациите за СП 2015 во Данска, нашето лево крило Драгица Митрова со нетрпение го очекува денешниот натпревар, и воедно еве што изјави …

„Ги анализиравме Италијанките и воопшто не се за потценување, имаат одлични централни бекови и голман. Меѓутоа, ние сме спремни да се спротиставиме и не размислуваме за ништо друго, освен за победа“ – изјави Драгица Митрова.

„Се надевам дека ќе ја имаме потребната поддршка од трибините, воедно и ги поканувам љубителите на ракометот да дојдат во СРЦ „Кале“ од 17:45 часот, и се надевам дека на крај заедно да се радуваме“ – додаде Митрова.