Младинскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Дрогришки, во пресрет на денешниот натпревар од 3-то коло во Челинџ-купот на ЕХФ, против екипата на Дукла од Прага, еве што изјави:
„Свесни сме дека најблаго речено потфрливме на првата средба. Сега знаеме каде грешевме и верувам дека ја научивме лекцијата. Денес со помош на нашите навивачи убеден сум дека ќе го обелиме образот на нашиот клуб и ракометна Битола“– изјави Стефан Дрогришки.
Повеќе за младиот талентиран ракометар, може да прочитате во интервјуто кое неодамна го направивме со него, на следниот линк.