Вториот тим на ЖРК Вардар не успеаја да се спротивстават на големиот Дунајварош во реваншот од 3-то коло во Купот на ЕХФ и загубија со 30-15.

Искуството си го направи своето, како и многуте грешки на нашите ракометарки во додавањата, со што му пружија на гостинот многу шанси да казнува со брзи контри.

Тренерот Симе Симовки, на прес-конференцијата после натпреварот призна дека неискуството го направи своето.

„Импресиите од овој меч се различни од првиот. Ние имаме многу помлади играчи и токму денеска се покажа недостатокот искуство. Направивме многу повеќе грешки отколку на првиот натпревар. Сепак, ова е едно големо и корисно искуство за младите играчи, само со уште вакви натпревари ракометарките ќе се надградуваат и ќе постигнуваат поголеми резултати. Имаме одлични услови за работа и останува само да напредуваме. Ќе се осврнам само уште еднаш за импресиите од мечот. Проблематично за нас беше и тоа што имавме повреда на Ангела Тодоровска која недостигаше и со голови во нападот како и со придонесот во одбраната“
– изјави Симовски.

Според ракометарката Маја Трпковска, Вардар загуби со сопствени грешки.

„Сакам да честитам на гостинската екипа, таа е поискусна од нас. Ние загубивме на наши грешки, тие имаат повеќе интернационални натпревари и искуството дојде до израз“ – изјави Трпковска.