ЕХФ како по секое коло од лигата шампиони, така и сега, ја избра најдобрата постава за второто коло од лигата на шампиони во која се најде играчот на Вардар, Алекс Душебаев.
Идеалната постава на второто коло изгледа вака:
Лево крило: Хуан Гарсија од Натурхаус ла Риоха
Лев бек: Емил Бергрен од Алборг.
Среден бек: Арон Палмарсон од Кил.
Десен бек: Алекс Душебаев од Вардар.
Десно крило: Драган Гајиќ од Монпелје.
Пикер: Тиаго Роча од Висла Плоцк.
Голман: Роланд Миклер од Веспрем.