Тренерот на Киелце, легендарниот Талант Душебаев во свој стил изјави дека доаѓаат во Скопје да победат, без разлика на тоа што имаат неколку повредени играчи. Не планираат да плачат ни да се правдаат, туку ќе се борат за двата бода.
“Вардар е клуб кој е гладен за победи, а секоја година е се подобар и има се подобри играчи и се повисоки амбиции. Оваа сезона нивна цел е учество на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Не ме интересира нашата победа од минатата сезона, таа веќе не е важна. Моментално имаме само една цел – да одиме во Скопје и да победиме. Имаме доста проблеми со повредени ракометари, но ние сме Киелце и за нас тоа не е проблем. Ние нема да плачиме и да се правдаме, туку ќе се бориме за двата бода. Не знаеме дали против нас ќе играат Штербик и Алекс и затоа мораме да разработиме повеќе стратегии“ – изјави Талант Душебаев за нивниот сајт.