Во пресрет на вечерашниот натпревар, Алекс Душебаев е спремен за нова одлична партија и освојување на нови два бода, со кое ќе завршиме на втората позиција.

„Добро се чувствувам, тренираме во полна сила. Одиме во Германија со самодоверба, решени да оствариме победа, иако знаеме дека таму ќе биде многу тешко. Рајн-Некар има одлична екипа и игра многу подобро на домашен терен. Точно, ние веќе еднаш ги победивме и тоа може да се сфати како еден притисок за нив, сепак тоа беше пред два, три месеца, тие играат подобро оттогаш. Наше е да ги анализираме и добро да се подготвиме“ – изјави Душебаев.