Во пресрет на натпреварот, нашиот десен бек зборуваше за квалитетот на Веспрем, како и за играта на Вардар.

“Ќе биде тежок натпревар бидејќи Веспрем е еден од најсилните противници во Лигата на шампионите. Свесни сме дека треба да играме многу добро пред се во нападот бидејќи Унгарците имаат цврста одбрана, а и одличен тандем на голмани. Мора да играме со полна сила во сите шеесет минути” – изјави Алекс Душебаев.

“Веспрем е извонреден тим и покрај тоа што мораме да играме добро во нападот мораме да бидеме цврсти во одбраната. Добро го анализиравме противникот треба да бидеме внимателни во одбраната и да им ја олесниме задачата на нашите голмани. Сигурно дека со добра одбрана можеме да организираме брзи контри и полуконтри и да се обидеме да постигнеме што е можно повеќе лесни голови” – заврши Душебаев.