Екипата на Зомимак-М денес ја пречекува екипата на Вардар која го игра својот втор натпревар од плеј-оф фазата, откако истиот беше одложен заради обврските што ги имаше во Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одигра во Струмица, во спортската сала „Димитар Влахов“ со почеток од 19 часот.

МакРакомет поразговара со голманот на екипата на Зомимак-М, Благојче Трајковски кој ги сподели со нас неговите очекувања за овој натпревар, како и амбициите на клубот за оваа сезона.

Трајковски: „Нашите очекувања се насочени кон тоа да нашиот клуб ја искористи шансата што ни се пружа, за освојување на второто место на табелата. Како што сите знаеме, Вардар во моментов е апсолутен фаворит во македонската супер лига и тука нема што да се зборува. Како клуб имаме голема желба да го освоиме второто место и ќе дадеме се од себе да ја постигнеме зацртаната цел“

Директен пренос од натпреварот ќе може да го погледнете на следниов ЛИНК.