Елена Ливриниќ е една од најтaлентираните македонски ракометарки. Средниот бек на Металург, со своите физички предиспозиции, преглед на играта и желбата за успех на спортскиот терен, претставува светла иднина на женскиот ракомет на Македонија. Во интервју за МакРакомет, Елена ги дава своите видувања за состојбата на репрезентацијата, иднината на клубот во кој тренира и открива некои работи за себе.

elena_livrinik1

1. Елена, кажи ни нешто за твоите ракометни почетоци? Дали ракометот од секогаш бил твојот омилен спорт , или како и многу други се префрли од некој друг спорт? Кoј или штo е причинaтa зa дa пoчнеш дa се зaнимaвaш сo рaкoмет? Oд кaде љубoвтa кoн oвoј спoрт?
Започнав да тренирам многу мала, на моја 8 годишна возраст. Главниот виновник за јас да почнам да се занимавам со овој спорт е тогашниот европски првак Кометал Ѓорче Петров.

2. Тешко ли е да ги избaлaнсирaш тренинзите и спoртскиoт нaчин нa живoт сo “нoрмaлниoт” живoт нa еден 20-гoдишник – излегувања, дружба? Имаш ли време за љубов? :-)

elena_livrinik
Име и презиме Елена Ливриниќ

Нормално дека е тешко. Кругот на пријатели воглаво ми се спортисти и слободното време заедно го поминуваме. Љубов, секогаш има време за тоа :-) хехe

3. Имаш ли ракометни идоли? Кои се тие ракометарки чија игра особено те инспирира и те тера да напредуваш? Особено не интересира за луѓе кои играат на твојата позиција?
Да секако дека имам, две се на моја позиција Анита Горбиц и Ања Едим и секако нашата Мирјета Бајрамовска.

4. Дел си од кадетската репрезентација на Македонија, но заигра и за сениорската репрезентација за последните квалификациски натпревари, кои за жал завршија со неуспех… Кое е твоето лично мислење за квалитетот на оваа нова помладена генерација?
Имаме многу промени во сениорската репрезентација, тоа е добро за иднината на ракометот во државава, со напорна работа верувам дека за некоја година ќе им парираме на појаките репрезентации.

5. Можат ли македонските ракометни фанови да веруваат дека за година, две македонската репрезентација ќе се врати таму кај што и е местото, на европските и светсктие првенства?
Јас најискрено верувам во тоа.

6. Со заминувањето на неколку поискусни ракометарки,ЖРК Металург остана прилично млада екипа, шанса за вас помладите да го докажете вашиот квалитет. Каква е атмосферата во тимот?
Не е лесно да се работи со неискусни играчи, но тој проблем полека полека го надминуваме. Моменталната атмосфера е одлична, позитивна како никогаш до сега.

7. На последните пријателски натпревари, против ПАОК и Кастриоти издвојувавте две убедливи победи. Кои се твоите очекувања за сезонава?
Сигурно второ место во домашната лига, и второ место во купот на Македонија, како и многу искуство стекнато од натпреварите од регионалната лига и КПК.

8. ЖРК Вардар е апсолутен фаворит сезонава, но дали мислиш дека со овој состав на ЖРК Металург, со правилна работа, за година, две може да ја врати титулата во домашното првенство?
Тоа е нашата цел. Веруваме дека можеме и веруваме дека за многу брзо време нашата напорна работа ќе дојде до израз :-)

Датум на раѓање 16.11.1994
Место на раѓање Скопје
Висина 181
Тежина 63
Позиција на која настапува Среден бек
Прв клуб
Ѓорче Петров
Сегашен клуб
Металург
Тип на музика
Зависи од расположение, се што ме опушта
Хоби или интерес за нешто различно од ракометот Танцување
Кога не би била ракометарка би била Балерина 100% :-)