Нашата интернационалка од македонската ракометна репрезентација, Елена Ѓоргиевска, одигра одлична партија во дресот на Баја Маре во дербито од женското романско првенство.

Нејзината екипа го совлада ЦСМ Букурешт со 24:21, а Ѓоргиевска постигна четири погодоци, и натпреварот го заврши како втор стрелец во својот тим.

Со оваа победа Баја Маре ја превзеде лидерската позиција во романското првенство.