Денес ЕХФ ги објави имињата на сите екипи кои ќе бидат дел од Лигата на шампиони во следната сезона 2015/16. Без промени во системот, кој го имплементираа минатата сезона, нашиот шампион ЖРК Вардар заедно со уште 13 екипи ќе играат директно во груната фазам додека 8 екипи ќе играат квалификациски турнир за преостанатите две позиции.
Ждрепката за формирање на групите ќе се одржи на 26 Јуни (петок) со почеток од 19:15 часот во Виена, Австрија.
Нешто што вреди да се напомене, е тоа што двојниот шампион на Европа, екипата на Ѓер, кој оваа година не успеа да ја одбрани титулата во Унгарија, се најде помеѓу квалификантите каде ќе се бори за едно од двете места кои ќе ги однесе во групната фаза.
Вајд-карта добија екипите на Баја Маре, во која настапува нашата репрезентативка Елена Ѓорѓиевска и екипата на Гласверкет од Норвешка.
Лига на шампиони 2015/2016
ФТЦ (Унгарија)
Будуќност (Црна Гора)
Ларвик (Норвешка)
Митјиланд (Данска)
ЖРК Вардар (Македонија)
Крим (Словенија)
Букурешт (Романија)
Турингер (Германија)
Ростов-Дон (Русија)
Савехоф (Шведска)
Хипо (Австрија)
Подравка (Хрватска)
Флери (Франција)
Лублин (Полска)
Екипи во квалификациите:
Ѓер (Унгарија)
Есбјерг (Данска)
Минск (Белорусија)
Далфсен (Холандија)
Раднички Крагуевац (Србија)
Анкара (Турција)
Гласверкет (Норвешка)
Баја Маре (Романија)