Ракометарките на ЖРК Вардар во недела ќе ја почнат новата сезона во Лигата на шанпионите, против еден од најголемите ривали, воедно и еден од кандидатите за титулата оваа година, екипата на Будуќност. Во Подгорица ќе имаме можност да гледаме реприза на полуфиналната пресметка од фајнал-форот од Будимпешта, кој овојпат се надеваме дека ќе заврши во полза на нашите шампионки.

Минатата сезона овие две екипи три пати се сретнаа меѓусебно, и нa сите три средби триумфираа ракометарките на Будуќност. Во регионалната лига со 24:20 во Скопје и 32:28 во Подгорица, и во незаборавното полуфинале во ЛШ, каде победија со 22:20 по продолженија.

Екипата на Будуќност, без многу измени во составот од лани, освен враќањето на една од најдобрите европски ракометарки Катарина Булатовиќ, што е повеќе од доволно за оваа екипа дa биде кандидат за фајнал-фор и титулата оваа година. Булатовиќ без сомневање ќе биде лидер на екипата, заедно со одличниот кружен напаѓач Драгана Цвијиќ и левиот бек Кристина Наагу, како и брзите крила Радмила Петровиќ и Кинге Биздра кои ќе бидат многу опасни во контрите и полуконтрите. На голот ја имаат искусната германка Клара Волтеринг, која не може така лесно да биде совладана.

За разлика од црногорскиот тим, во нашиот состав ќе отсуствуваат две ракометарки поради повреди, Татјана Хмирова и Алисон Пино, ракометарки кои беа од голема важност минатата сезона. Но тука не треба да стравуваме, бидејќи оваа година ЖРК Вардар донесе нови засилувања, Андреа Пенезиќ и Барбара Лазовиќ, кoи нa неделниот натпревар требa дa ги пoкријaт тoкму тие две пoзиции. Се нaдевaме декa уште нa сaмиoт стaрт ќе имаат можност да покажат дека раководните лица на ЖРК Вардар не погрешиле при нивниот избор.

Лидер и оваа година ќе биде српската репрезентативка Андреа Лекиќ, која овојпат очекуваме да блесне во најдобро светло и заедно со новото засилување на позицијата кружен напаѓач, искусната германска репрезентативка Ања Алтхаус, да биде одличен тандем во нападот. На позицијата крила, ги имаме истите од лани, одличните Јованка Радичевиќ и Сираба Дембеле, кои уверени сме дека успешно ќе ги сопрат крилата на Будуќност, со што ќе ја успорат на некој начин играта на Будуќност.

Натпреварот ќе се одигра во недела од 19:00 часот, со директен преност на Алфта ТВ.

МакРакомет им пожелува одлично започнување на нова ракометна приказна, со многу успеси кои ќе ја израдуваат македонската публика. #СоСрцеЗаВардар