Ракометарките на ЖРК Вардар како на тренинг против младите ракометарки на Хипо, со што ја забежаа првата победа оваа сезона. После двата натпревари на Хипо, очигледно дека натпреварувањето во Лигата на шампиони е преголем залак за оваа екипа.
Вардарки уште по првите 10 минути најавија дека овој натпревар е завршен, кога поведоа со 6:1. За веднаш потоа да продолжат да ја големуваат предноста, за на полувреме да заминат со убедливи 9:22.
Во второто полувреме ништо поразлично, Кастратовиќ ги ротираше сите ракометарки и заедно со Питлик пробуваа разни комбинации во нападот. Во последните 10 минути, вардарки го намалија темпото, со што им дадоа шанса на ракометарките на Хипо да го намалат убедливото водство на нашите ракометарки, за на крај да заврши натпреварот со конечни 25:38.
ЖРК Вардар: Лекиќ 4, Сокач 4, Дамјановиќ 4, Ристовска 4, Дембеле 3, Алтхаус 3, Пенезиќ 3, Грбиќ 3, Кликовац 2, Хмирова 2, Лејно 1, Чович 1 и Ихнева 1.