На официјалниот Facebook профил, клубот се огласи во врска со акцијата за билетите против мечот со Подравка во недела.
Клубот објави дека со секое уплатено ливче во обложувалниците BetCity со влог поголем од 100 денари, уплаќачот ќе добие две влезници за натпреварот помеѓу ЖРК Вардар и Подравка, меч за кој нема голем интерес за билетите. По многуте негативни коментари од љубителите на ракометот и поради нејаснотиите на овој потег, ЖРК Вардар излезе со соопштение, преку која пренесува која е причината за ваквиот потег:
Драги подржувачи, пријатели и критичари.
Ви благодариме на коментарите во однос на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу екипите на ЖРК Вардар и Подравка. Сите оние лица кои имаат купено блок влезници се за 3 натпревари. Натпреварот помегу ЖРК Вардар и Подравка бидејки не наиде на голем интерес од публиката заради динамичниот спортски календар, но сепак овој натпрвар е од исклучителна важност. Спонзорот на клубот Betcity е оној кој ги откупи влезниците од Спортскиот Центар ЈАНЕ САНДАНСКИ и ги дели на корисниците на услугите од Betcity. Ова не е за осуда туку е чин со кој еден од спонзорите сака да помогне кон подршка на нашите ракометарки кои го освоија 3-тото место Во Лигата на шампионите, а оваа година амбициите се за финалето. Никој во оваа ситуација не е оштетен, туки ова е само еден придонес кон клубот.
Им благодариме на верните подржувачи на трибините, а клубот никогаш нема да ги изневери Вашите очекувања.