Денес, во рамките на завршницата на женската Супер лига ќе се одигра предпоследното коло во кое се сретнуваат екипите на ЖРК Пелистер и ЖРК Металург. Почетокот на натпреварот е предвиден за 19:00 часот и ќе се одигра во спортската сала „Младост“.
Ова е петта нивна меѓусебна пресметка, вклучувајќи го и полуфиналниот натпревар што се одигра во Купот на Македонија. Во претходните 4 натпревари победата ја однесе екипата на ЖРК Металург, која и во денешната пресметка влегува како фаворит. Сепак исходот од денешниот натпревар нема никакво влијание во однос на изгледот на конечната табела.
За потсетување, екипата на ЖРК Металург веќе утре го игра и последниот натпревар во оваа сезона против екипата на Жито Прилеп.