Ракометарките на ЖРК Металург во сабота од 18:00 часот го отвараат натпреварувањето Купот на куповите, против холандската екипа Вестфрисланд. Шанса за нашите ракометарки да го покажат својот квалитет и да одиграат еден појак натпревар, за разлика од просечните натпревари кои ги игра во женската супер лига.
Двете екипи минатата сезона стигнаа до третото коло од Купот на куповите, што според тоа квалитетот овие две екипи се тука некаде. Двете со млад состав и без големо искуство, ќе пробаат да издвојуваат позитивен резултат, пред реваншот во Скопје седум дена подоцна, на 24 Октомври.