Ракометарките на ЖРК Металург како што најавуваа, така и направија. Одлично го отворија натпреварот, со одлична одбрана и разновидност во нападот покажаа дека нема што да бара Вестфрисланд во Скопје.

Со што уште во првото полувреме ракометарките на ЖРК Металург ја завршија работата со убедливото водство од 19:9. За потоа во второто полувреме рутински го одиграа и зачуваат предноста што ја имаа направено, за конечни 33:26 и втора победа во дуелот до холаѓанките во рамките од второто коло од Купот на куповите.

Победа која ги однесе во третото коло, каде ќе играме против данскиот тим Холстебро, кој лани го освои ЕХФ купот.

МакРакомет им го честита пласманот во третото коло и им посакува среќа во дуелот до Холстебро.

ЖРК Металург: Јовановска 10, Белеска 4, Саздовска 4, Стојковска 4, Величковска 3, Дабевска 2, Ливриниќ 2, Николиќ 2, Перазиќ 1, Саздова 1.