Ракометарките на ЖРК Металург денес во финалето на Купот на Македонија ќе играат против фаворитот ЖРК Вардар. Натпревар во кои голем дел од љубителите на ракометот ќе кажат дека однапред е познат победникот во ова финале, но ние не можеме да го кажеме тоа бидејќи оваа млада екипа на ЖРК Металург, од година во година е се подобра.
Екипа која има континуитет во својата работа и одлично ги предводи нашите ракометарки на добар пат за успех. Тоа што недостига на оваа екипа се добрите и квалитетни натпревари, кои за жал не можат да си ги дозволат. Со оглед на укинувањето на Регионалната Лига и останувањето да играат само првенствени натпревари, не можат да имаат уште поголем напредок, поточно да го стекнат она потребно искуство за јаки натпревари.
Ракометарките на ЖРК Металург денес од 15:00 часот ќе пробаат да им се спротистават на вардарки, а со оглед на последните нивни меѓусебни дуели двете екипи ветуваат добар натпревар за гледање. Затоа не се двоумете, дојдете во СЦ „Јане Сандански“ да им покажете на двете екипи дека желни сте да гледате женски ракомет и сакате женскиот да напредува.
Директен пренос ќе има на Собраниски Канал.
*Картите за овој натпревар чинат симболични 50 денари.